За нашата ординација

Нашата цел

Основната цел на Денто-Медикал е преку препознатлив квалитет на улугите да ги обезбеди, барањата, очекувањата и потребите на клиентите.
Успешното фукционирање и развојот на Денто-Медикал се темели на задоволување на:
1. Меѓународните стандарди и регулативи за квалитетот на услугите (ИСО)
2. Барањата и очекувањата на клиентите за стоматолошките услуги
3. Различните методи на плаќање за погодност на клиентите

Барањата и очекувањато на клиентите, како и високиот квалитет на понудените услуги Денто-Медикал ги поставува за основна професионална полиса. Реализирањето на работните процеси , услугите и управувањето со квалитетот, нашата Стоматолошка Клиника ги извршува со помош на стручен, едуциран и компетентен персонал, но и во соработка со надворешен вискостручен персонал од областа на стоматологијата..

Определбата за реализација на услугите е водена од разбирањето, дека сите работни процеси мора да се извршат со почитување на тоа што е договорено со клиентот, со имплементација на високи стандарди и почитување на регулативите за квалитет.

Со цел да се достигнат овие предуслови Денто-Медикал на почетокот од 2007-ма успешно го имлементираше ИСО 9001-2000 стандард за квалитет со надворешно ангажирана фирма за ИСО сертифицирање од Р. Словенија (SIQ), а според регулативите на Меѓунардоната Мрежа за Сертификација (IQNET).

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ТИМОТ

Професионалци во работата